Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески деновиве е домаќин на гости од
далечниот Сенегал кои престојуваат во Охрид на негова покана.
Делегацијата од градот Чезз ја предводи градоначалникот Идриса Шек - со кого
Бакрачески стапил во контакт при престојот во Каен на одбележувањето на 70
години од Денот Д.
Гостите од Сенегал денес се во посета на манастирскиот комплекс Свети Наум,
а синоќа имаа работна вечера со градоначалникот Бакрачески и со
претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска.
На вечерата беа присутни и гости од Србија, поточно Помошник градоначалникот
на Суботица и советник за мали бизниси Љубен Христов и проект менаџерот во
локалниот економски Совет на Суботица - Мелинда Наџ.
Бакрачески на гостите од Сенегал и Србија им подари пригодни подароци за
спомен од нивниот престој во Охрид.
Гостите од Сенегал и Србија по покана на градоначалникот вечерва ќе
присуствуваат и на отворањето на Охридско лето.
Извор: www.ohrid.gov.mk |