Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА ИНИЦИЈАТИВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДЕНЕС Е КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСКИ СОВЕТ
Untitled Document

Како што беше најавено, денес на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, во просториите на Општна Охрид, беше одржана конститутивнаа седница на Локалниот Економски Совет или “Совет на градски татковци“. Како што истакна градоначалникот Бакрачески, “Локалниот Економски Совет или “Совет на градски татковци“ ќе биде силно советодавно тело, можеби единствено од ваков вид на локално ниво во Република Македонија“. Како што подвлече во своето воведно излагање градоначалникот Бакрачески, “преку хоризонтално поврзување и соработка ќе се изнајдат најсоодветните форми за подобрување на бизнис климата во Општина Охрид, што ќе го олесни привлекувањето на нови инвестиции, ќе ја зголеми вработеност и ќе ја подобри економската слика на Охрид“. Градоначалникот Бакрачески, ја искажа својата увереност, дека советот ќе дојде до најконструктивните решенија за пошироката заедница и граѓаните на Охрид.

Во дискусијата што следеше, повеќе говорници ја поздравија идејата на градоначалникот Бакрачески и искажаа задоволство од формирањето на ова тело и потврдија дека, со огромно задоволство ќе партиципираат во неговата работа. Сите дискутанти се согласија дека не треба своите проблеми во бизнисот да ги мешаат со интересот на пошироката заедница и да се внимава да не доаѓа до колизија со одлуките на советот на Општина Охрид.
На првата седница, “Советот на градски тактковци“, едноглано го усвои Деловникот за работа. Во Локалниот Економски Совет, покрај истакнати бизнисмени, научни работници и советници од Советот на Општина Охрид, членови се и Министерот за привлекувањестрански инвеситиции, Бил Павлески и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Локалниот Економски Совет ќе се состанува барем еднаш месечно, со претходно подготвена агенда за работа, која ќе ја подготвуваат стручните служби на локалната самоуправа.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1280  пати
Објавено на: 10.06.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©