Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ И ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИТЕ
Untitled Document

Во големата сала на општина Охрид, денеска, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со такси превозниците од град Охрид.

На средбата градоначалникот им ги презентира измените во Законот за превоз во патниот сообраќај.

Во насока на обезбедување што поквалитетен такси превоз односно обезбедување на поквалитетен превоз во јавниот сообраќај, а соогласно  активностите на Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски, наша цел е на денешниот состанок со такси здруженијата и индивидуалните такси превозници кои оперираат во општина Охрид да обезбедиме една повратна информација како се расположени за усвојувања на  овие предложени измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај, за да се обезбеди обука на таксистите кои оперираат во град Охрид за познавање на основен англиски јазик. – изјави градоначалникот Никоа Бакрачески

На денешната средба ќе ги информираме такси превозниците од Охрид за заложбата на Министерството за транспорт и врски, ќе ја објасниме постапката и начинот на финансирање на нивната едукација и секако да им овозможиме на сите такси превозници во општина Охрид полесно да пристапат кон оваа активност. Наша крајна цел е да се обезбеди што поквалитетен такси превоз. – додаде Бакрачески

Обуката е целосно бесплатна, односно ќе биде покриена од страна на Министерството за транспорт и врски и Локалната самоуправа. Рокот за полагање на испитот е до 01.01.2017 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1249  пати
Објавено на: 26.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©