Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГАСТРОНОМАД – УСПЕШНА ТУРИСТИЧКА ПРИКАЗНА
Untitled Document

Согласно програмата за поттикнување на развојот на туризам на општина Охрид, продолжуваат активностите за промоција на туристичката понуда на Охрид и регионот во странски и домашни печатени и електронски медиуми.

Во рамките на таа програмска активност во Охрид се снимаше емисијата Гастрономад од страна на продуцентската куќа “Advance” од Р. Србија.

Емисијата има за цел прикажување на традиционалните рецепти кои ги нуди Охрид и регионот низ призма на историјата, традицијата и културата, како и запознавање со културно – историските знаменитости во Охрид.

Емисијата “ Гастрономад” пред српската јавност се прикажува континуирано веќе шест години.

Се снимаа осум емисии кои веќе почнаа да се емитуваат на Националната Радио Телевизија Србија  и сателитскиот канал на РТС.

Емисиите се снимени како резултат на заложбите на Локалната самоуправа која континуирано ги поддржува и поттикнува ваквите проекти кои имаат за цел промоција на Охрид.

Во прилог се видеата од емисиите:

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 14.04.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©