Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕМАН ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Со  највисоки државни  и воени  почести денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“   беше пречекан претседателот на Република Чешка ,Милош Земан кој ќе биде во дводневна  официјална  посета на  Р. Македонија.


На свечената церемонија присуствуваа претседателот на Република Македонија , Ѓорге Иванов и градоначалникот Никола Бакрачески.


Двајцата претседатели , попладнево ќе остварат тет- а -тет средба и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.


Утре , Земан и Иванов  ќе имаат обраќање на Македонско - чешкиот бизнис форум што се одржува во хотел „Гранит“, а  на кој ќе присуствуваат претставници од стопанските комори на двете земји, како и чешки и македонски бизнисмени од повеќе области како енергетика, туризам, банкарство, прехрамбена и автомобилска индустрија.


Во улога на домаќин пригодно обраќање ќе има и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1389  пати
Објавено на: 09.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©