Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ТЕРЕНОТ ЗА ФУДБАЛ НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА ВО ОХРИД
Untitled Document

На пригодна свеченост а во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид, денеска на СРЦ“ Билјанини Извори “, во Охрид  со сечење лента од страна на градоначалникот Никола Бакрачески  и директорот на ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мишев, беше отворен теренот за фудбал на вештачка трева. Станува збор за една од најкрупните спортски инвестиции што Охрид не памети во последниве 20 години. Теренот   е изграден по највисоките стандарди на европоската куќа на фудбалот УЕФА која  е   донатор  на вештачката трева, а  останатиот дел од проектот е под целосна финансиска капа на општина Охрид. Вкупната инвестиција  е околу 300 000 евра.

- Со овој проект ќе дадеме   еден нов импулс во развојот на спортот во Охрид . Се надевам дека овој терен на вештачка трева,ќе биде одлична можност за сите фудбалски друштва и фудбалски клубови во Охрид да почнат со адекватни припреми, она без  кое не може да е замисли развојот на фудбалот преку цела година. Значи со овој терен  се овозможува припреми да се реализираат не само за време на пролетно –летната сезона кога има идеални услов за тренинг туку и во зима. Уште поважно е што со овој проект се дава  можност за  развој на спопртски туризам во Охрид, рече  градоначалникот  Никола Бакрачески кој истакна дека општина Охрид и понатака ќе работи на развој на спортот во градов.

- Во оваа прилика би сакал да кажам дека Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија посветено ќе работи на развојот на спортот и на отворање  голем број други спортски објекти во иднина. Знаете дека во изминатиот период го отворивме спортското игралиште во населба Лескајца, претходно заедно со Владата на Р. Македонија беше отворена спортската сала во село Велгошти. Помагаме голем број на спортски екипи и манифестации кои што се одвиваат во Охрид. Во рамки на СРЦ “Билјанини извори “се одржа светското првенство за кадетки во ракомет и уште многу други настани со кои ги мотивираме младите луѓе и децата се повеќе да спортуваат, да го развиваат спортскиот дух.Се надевам дека во блиска иднина во Охрид ќе никне фудбалски клуб, она што охриѓани го бараат од нас, она за што тие се желни а кое што ние како одговорна локална власт сме обврзани да им го понудиме на граѓаните на Охрид, додаде градоначалникот Бакрачески кој се заблагодари на сите инволвирани во напорната работа за  реализација на овој фудбалски терен во рок којшто   беше ветен  пред граѓаните на Охрид.  Градоначалникот се заблагодари и  на сите стручни служби во  Локалната самоуправа, на јавните претпријатија кои беа вклучени во реализација на проектот на сите помагатели и на АД “Илинден“ кое  што несебично се вклучи со свои ресурси и реквизити во  изградбата на  овој терен.   
Фудбалското игралиште со вештачка трева ќе ја збогати фудбалската понуда во Охрид особено во зима кога градот го посетуваат голем број на клубови.

- Спортскиот  терен кој го изградивме со несебична финансиска помош на Општината Охрид и Фудбалската федерација на Македонија ќе претставува еден нов квалитет во нашата понуда пред фудбалските екипи кои традиционално  доаѓаат тука на подготовки. Сигурен и убеден сум дека овој терен ќе донесе и своевиден, позитивен пресврт на состојбите во спортот во Охрид кој со години наназад  беше уназадуван и уништуван до фаза на исчезнување. Од терен со вештачката трева благодети нема да има само ЈП Билјанини изворитуку  и туритичките работници кои ќе ги исполнуваат капацитите со спорски колективи, потенцираше директорот  на ЈП„Билјанини извори“, Ристе Мишев.

Денешниот чин на отворање на теренот со вештачка трева го проследија, бројни охриѓани, гости, спортски работници и спортисти.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 08.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©