Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕПРЕЧЕНО РАБОТИ СПОРТСКАТА САЛА ВО С.ВЕЛГОШТИ
Untitled Document

Спортската сала, “Тодор Александров“, сместена во дворот на ОУ “Живко Чинго“ во село Велгошти е во целосна употреба. Децата од училиштето часовите по фискултурно образование ги реализираат во неа, наскоро салата ќе биде издавана и за комерцијални потреби.

Спортската сала во Велгошти, официјално беше пуштена во употреба во март годинава од страна на Премиерот Никола Груевски. Овој објект години наназад чмаеше полу изграден со нерасчистени имотно- правни односи, оштетени ѕидови и искршени стакла. Реконструкцијата на салата започна на 21 септември 2012 година.

Вредноста за реконструкцијата, санацијата и адаптацијата на спортскиот објект изнесуваше 23,6 милиони денари, а финансиските средства Агенцијата за млади и спорт ги обезбеди преку Владата на Република Македонија, во рамки на проектот за изградба на 35 спортски сали.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1368  пати
Објавено на: 11.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©