Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА И ПОЛИЦИЈАТА ЗАЕДНИЧКИ ПРОТИВ НАРУШУВАЧИТЕ НА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ
Untitled Document

На иницијатива на градоначалникот , Никола Бакрачески денес се одржа координативна средба  со   претставници од СВР -Охрид и надлежните служби од локалната самоуправа   на која  заеднички  се  разгледуваа  можностите за непречено   регулирање на сообраќајот и надминување на сите неправилности.

На средбата се разговараше  за определени неправилности меѓу кои и   несоодветно паркирање возила на тесните улични грла и проблематичните зони во градов.
Генерално,  беше договорена  заедничка зајакната контрола  во насока на почитување на  воспоставениот сообраќаен режим и  согласно законот спроведување соодветни санкции   за   оние возила кои сообраќаат   во забранетите  зони  или несовесно  ги паркираат  возилата  на недозволени јавни површини.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 20.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©