Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Untitled Document

Денес на Градскиот базен ‘’Атина Бојаџи в.д. Директорот на Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’  потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА со лицата со попреченост.
Станува збор за Здружението на Глуви и наглуви лица , Здружението на Добротољубие, Здружение Зраци, Здружение Мобилност, Здружение на слепи и Здружение на инвалиди на трудот.
Целта на Меморандумот е развој и афирмација на рекреативниот спорт со посебно внимание на лицата со попреченост, како начин кој обезбедува можности за негување на физичката кондиција и социјалните интеракциски вештини.

Со овој МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Ј.П. ‘’Билјанини Извори’’ им овозможува на лицата со попреченост користење на спортските објекти, користење на Градскиот базен, промотивно возење со двокатниот панорамски автобус како и поддршка на активностите на лицата со попреченост кои се во домен на услугите кои ги нуди претпријатието.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 19.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©