Кај областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтвиот локвањ, Комуналец деновиве работи на формирање на ново зелено катче.
Железната ограда која беше поставена во тревниот дел покрај каналот е дислоцирана и сиот простор ќе се расчисти од обраснатите жбунови, трње и расфрланиот отпад. Земјениот дел ќе се обработи и ќе се засадат украсни зимзелени садници, листопадни садници и сезонско цвеќе според естетско хортикултурно решение.
Со тоа градскиот парк ќе биде збогатен со ново катче кое во иднина ќе биде тековно одржуван од екипите на „Паркови и зеленило„.
Извор: www.ohrid.gov.mk |