Делегација на општина Охрид денеска по повод Денот на победата над фашизмот ,9 мај, положи свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци во НОБ во Дебарца.
На тема „ Македонија во борбата против фашизмот„ пригодна реч одржа Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца и Општина Дебарца.
Извор: www.ohrid.gov.mk |