Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на ЈП “Билјанини
извори“ Ристе Мишев, денес прими делегација од Ракометната
академија “Андреа Лекиќ“ од Белград- соседна Србија.
На работната средба со директорката на академијата Зорица
Радојновиќ и со маркетинг директорот Милош Обрадовиќ , се
разгледуваа можностите Охрид да биде домаќин на интернационалниот
ракометен камп кој би се одржал во текот на месец јуни 2015-та
година.
Деталите за оваа иницијатива односно евентуално одржување на овој спортски
настан ќе бидат разгледувани на некоја наредна средба.
Учесници на ракометниот камп се деца од 15 земји меѓу кои , Романија,
Србија, Финска, Норвешка, Шведска, Србија, Црна Гора, Грција.
Реализацијата на проектот би значела привлекување поголем број
гости пред се од областа на спортот во летниот период од годината.
Извор: www.ohrid.gov.mk |