Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ И ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПАТИШТА ГЕОРГИЕВСКИ ДОГОВОРИЈА УРЕДУВАЊЕ НА ВЛЕЗОВИТЕ ВО КОЊСКО И РАЧА
Untitled Document

На барање  на мештаните, денеска на лице место градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во селото Коњско и населбата Рача ги согледуваа можностите за уредување на влезовите од овие две населени места.  Се разговараше и за  осветлување и  уредување  на пешачката патека околу  главниот пат од тунелот до хотелот Метропол.

-Денес побарав од директорот на  Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиески тие да го преземат осветлувањето и уредувањето на влезот од Охрид. Вакво барање никогаш не реализирало минатото локално раководство.   За  ова барање наидов на разбирање од директорот Георгиевски  и  очекувам многу набрзо тие да ја преземат оваа обврска- истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

Ваквата определба  да се дејствува  и да се  оди на терен, на барање на жителите а со цел да се согледаат и решат проблемите, локалната власт ќе ја  практикува и во иднина.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1291  пати
Објавено на: 13.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©