Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА ПРЕСЕКОТ ОД „ТУРИСТИЧКА“ И „АБАЗ ЕМИН“
Untitled Document

Во тек се  активностите  за изградба на кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“.


Во  завршна фаза е изградбата на новата атмосферска канлизација за одводнување на кружниот тек како и поставување на подземни инсталации од страна на заинтресираните економски оператори.Истовремено,јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Проаква“ ќе обезбедат приклучоци за новата водоводна,атмосферска и фекана канализација .
Дијаметарот на централниот круг на оваа кружна крстосница е 14 метри,а во самиот кружен тек ќе има две сообраајни ленти со широчина од 5 метри.


Изведувач на градежните активности е градежната фирма „ИВ-Стил Градба“ од Охрид. Проектот  се реализира  со средства од Буџетот на Општина Охрид и неговата вредност е 3.428.800.
 
Наредниов период  се очекува да започнат и  активностите за изградба на кружната крстосница на прескот на булевар „Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ со што ќе се заокружат градежните активности на локалната самоупарава во оваа насока.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1340  пати
Објавено на: 27.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©