Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИИ ОД Р.ТУРЦИЈА И Р.СЛОВЕНИЈА ПРИСУСТВУВАА НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ОХРИДСКО ЛЕТО“
Untitled Document

По повод свеченото отворање на најпрестижната културна манифестација во Република Македонија , Фестивалот „Охридско лето“ , во Охрид присуствуваа делегации од збратимените градови Јалова, Р. Турција предводена од заменик градоначалникот Џенгис Дерили и Пиран, Р. Словенија предводена од градоначалникот Питер Босман.

 Гостите со незаборавни впечатоци кои може да се понесат од оваа најафирмирана културна манифестација изразија задоволство што се дел од Фестивалот кој уште еднаш го потврди своето високо светско реноме.

Размената на искуства како битен сегмент во развојот на општината и предизвиците на локалната власт беа тема на разговор во меѓусебните средби, а во иднина претставниците на Јалова и Пиран најавија и иницијатива за продлабочување на понатамошната соработка во делот на туризмот, економијата и образованието.

 

 

Делегациите имаа можност да се запознаат и со културата и историјата на древниот Охрид, а истовремено и да уживаат во приридните убавини на градот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 15.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©