Премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски со дел од владиниот тим во придружба на градоначалникот Никола Бакрачески и претставници од локалната самоуправа беше во посета на Институтот за филм- Филмска академија што неодамна започна со работа во Охрид.
Во разговор со директорот на Институтот ,Роберт Jазаџиски и со режисерот ,Иво Трајков, кој веќе ги одржа првите предавања во Охрид , Премиерот Груевски се запозна со начинот на работа на оваа високо научна, образовна институција.
На филмската академија во Охрид веќе се запишани 13 студенти од Земјава и странство.Дел од предавањата секако како што му дпликува на еден филмски институт се филмските проекции кои се прикажуваат два пати во неделата.
Филмкста академија е значајна за градот Охрид и за Република Макеоднија во делот на филмската индустрија и ументост посебно поради тоа што проектот се реализира со една од петте најстари школи за филм во Светот -филмската академија од Прага .
Извор: www.ohrid.gov.mk |