Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДВ ЕЛЕКТРИК ЗАПОЧНА СО РАБОТА ВО ОХРИД
Untitled Document

Германската компанија од областа на автомобилската индустрија ОДВ- Еелктрик почна со работа во Охрид. Во постоечката  хала  во градов  веќе работно ангажирани се 25 лица а до крајот на годинава се очекува нивниот број да  биде преку  100. Испораката на првите производи односно автомобилски кабли  од Македонија, според најавата, ќе биде кон крајот на годинава  или почетокот на наредната.

На прес-конференција, денеска во Охрид, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ Лудвиг Батон, извршниот директор на „ОДВ Електрик“ за Македонија Огнен Цубалевски, градоначалникот  Никола Бакрачески и  директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо укажаа на начинот и динамиката на реализација на оваа странска инвестиција во Македонија.

- Многу сме задоволни од  стручноста  и квалификациите на вработените овде во Охрид. Финализиравме некои аспекти со цел,  на овие вработени  да им дадеме поддршка ,  рече  Лудвиг Батон директор на ОДВ Електрик.

Компанијата досега вложи 600 000 евра а од април идната година  ќе ја гради својата нова хала во Технолошко индустриската развојна зона  во Охридско – струшкиот регион. ОДВ Електрик ќе вложи дополнителни 4 милиони евра во индустриската зона а ќе вработи над 1000 луѓе од охридско -струшкиот регион.

- Инвестицијата ќе оди модуларно. Во првата фаза очекуваме да инвестираме околу 4 милиони евра а после неколку години , планот е да имаме хали од 10 000 метри квадратни и вработени околу 1000 луѓе ,вели Огнен Цубалоски директор на ОДВ Електрик Македонија.

Ова е првата странска инвестиција во регионот  која  според градоначалникот Никола Бакрачески  претставува своевиден нов импулс во развојот на локалната економија во Охрид  и создава услови за креирање на нови работни места .

- Ние сме спремни да ги исполниме сите обврски кои што ги презедовме заедно со претставниците  на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони  и со  претставниците на ОДВ- Еелектрик во насока на поддршка на оваа инвестиција а кои што се надлежности на Локалната самоуправа. Во  иднина ќе дадеме силна поддршка на сите овие напори се со цел да направиме и олеснување и забрзување на постапките кои што се ингеренција на локалната самоуправа и да дадеме целокупна поддршка на  овие странски инвестиции, да се реализираат во  Охрид. Уште еднаш ќе кажам за нас како град Охрид и за граѓаните, ваквиот влез на странски инвеститори е од круцијално значење за придвижување на локалната економија и претставува основен предуслов за еден Локален економски раст и секако за подигање на животниот стандард на населението преку креирање на нови работни места, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.   

Според директорот на Дирекцијата за технолошко –индустриски развојни зони, Виктор Мизо странските инвестиции се особено важни за не многу големи градови во кои се вбројува  Охрид.

- Се повеќе и повеќе странски инвеститори не одлучуваат да инвестираат во Скопје туку да дојдат во други градови низ државата. Ваква инвестиција со 1000 вработувања за Охрид има многу поголемо значење отколку за некој многу поголем град, што значи се даваат можности за рамномерен економски развој, вели Виктор Мизо директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Вработените ја поминаа обуката во фабриката на ОДВ Електрик во Украина а од понеделник оди нова група на обука. Покрај вработените бенефит ќе имаат и голем број на домашни компании од металната индустрија, но и услужни дејности производство на храна, обезбедување и логистика.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1441  пати
Објавено на: 01.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©