Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ВКЛУЧЕН ВО ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА
Untitled Document

Охрид, трета година по ред е вклучен во програмата ,,Oпштинско корисна работа”  што се реализира со финансиска поддршка од страна на УНДП. За имплементација на активностите за кои УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот„Промовирање на одржливи вработувања 4 и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2015“ ,  во соработка со Центарот за вработување  и  Меѓуопштински центар за социјална работа, започна со имплементација на активности во дисперзираните градинки  во руралните средини и во дел од градинките во градот како и ставање во функција на Транзитниот центар за деца на улица.

Со програмата веќе се ангажираа вкупно 11 лица, од кои 6  се ангажирани во дисперзираните градинки  и 5  за потребите на Транзитниот центар за деца на улица. Ангажираните лица подолго време се невработени и активни баратели на работа како и лица од ранливи категории, од кои две се мајки на деца со посебни потреби и една самохрана мајка, како и невработени  лица кои потешко се вклучуваат во пазарот на трудот.

Општина Охрид преку имплементација на програмата ќе го поттикне социјалното вклучување на долгорочно невработените лица на определено и скратено работно време, а ќе се придонесе  лицата од ранливите категории кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот да ги унапредат професионалните вештини.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1325  пати
Објавено на: 23.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©