Општина Охрид распиша Јавен повик за прибирање на барања за финансиска
поддршка на домашни и странски авиопревозници. Целта на давањето финансиска
поддршка е воведување на една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св.
Апостол Павле“ – Охрид и државите од западна Европа.
Заинтересираните документацијата за барање за учество во постапката за
доделување на финансиска поддршка може да ја подигнат секој работен
ден од 10:00 до 15:00 часот по локално време, кај Комисијата спроведување на
постапката за доделување на финансиска поддршка. Рокот за доставување на
барањата трае до 27.01.2015 година до 13:00 часот по локално време.
Барањата се доставуваат во архивата на општина Охрид.
Повеќе информации за Јавниот повик може да добиете
ТУКА.
Извор: www.ohrid.gov.mk |