ЈП „Нискоградба“ - Охрид и денес на две локации одзатнуваше канализациони
системи.
На улицата „АСНОМ“ се интервенираше на затната одводна цевка која беше
преполна со влажни марамчиња , од каде деновиве е извадена голема количина
марамчиња.
Истата ситуација се случуваше и во строгиот центар на Охрид, каде на улциата
„Коста Абраш“ до новиот мал плоштад, се одзатнуваше канализациона шахта која
исто така беше преполна со влажни марамчиња.
Од ЈП „Нискоградба“ уште еднаш апелираат до граѓаните да проработи свеста да
и да се прекине оваа несватлива навика со фрлање комунален отпад во
фекалната канализација да се прави штета на градот и јавното претпријатие.
Извор: www.ohrid.gov.mk |