Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ПРОМОЦИЈА НА “ПРОГЛАСОТ“ ОД КОНСТАНТИН ФИЛОЗОФ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во Црквата Св. Софија  присуствуваше на промоција на книгата „Проглас“ од Константин Филозоф Св. Кирил,  преведена на старословенски, македонски и на словачки јазик. Со овој културен настан се одбележаа две децении од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Словачка.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов  кој беше покровител на овој културен настан истакна дека прогласот ги буди народите за да им ја подари најголемата моќ- знаењето.

-Јазикот е душата на народот,  клучот на разбирањето на културата, традицијата и светоглед на еден народ. Кирил и Методиј ни оставија комуникациски код што поврзува не  само генерации, туку и цели народи и држави. Низ кодот на писменоста ние продолжуваме да ги градиме и унапредуваме одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Словачка, онака, како што им прилега на пријателски држави и народи,истакна претседателот  Иванов.

Според министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа -   Милеска, ова издание на „Прогласот“ претставува прилог кон заемното збогатување, кон потврдувањето на постојаната размена на духот, кон верата и културата на нашите народи.

- Ова издание на „Прогласот“ на старословенски, словачки и на македонски јазик претставува прилог кон заемното збогатување, кон потврдувањето на постојаната размена на духот, кон верата и културата на нашите народи. Министерството за култура е длабоко посветено на унапредувањето на културните релации со Република Словачка, потенцира министерката Кансческа- Милеска. 

 Во насока на зацврстување на  пријателските односи меѓу Македонија и Словачка, министерот за надворешни работи на државава ,Никола Попоски најави отворање на македонски конзулат во Република Словачка.   

-  Токму во оваа насока се и чекорите на  Република Македонија  за отворање на почесен конзулат во Република Словачка до крајот на оваа година. Убедени сме дека почесниот конзулат ќе даде поголем  импулс на билатералната соработка пред се во економијата и културата ,истакна  министерот  Попоски.

Амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Мартин Безак укажа на заложбите за  понатамошната добра дипломатска соработка меѓу двете земји.

- Верувам дека идната деценија од дипломатските врски  меѓу Словачка и Македонија ќе биде уште поуспешна ,истакна  амбасадорот Безак.

Инаку промоцијата на “Прогласот“  беше заокружена со изложбата насловена како 
“1 150 години  од доаѓањето на Константин и Методиј на словачка територија“  по што во предворјето на црквата  Св. Софија се одржа и со коктел.

Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: Александар Ковачески

Прочитано:  1260  пати
Објавено на: 17.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©