По повод Европската недела на мобилност(16-22 септември) чија тема за 2013 година е „Чист воздух-ти си на потег“, Општина Охрид, четврток (19 септември) го прогласува за Ден без автомобили.
За таа цел Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината да стигнат на работните места без автомобили.
Во четврток оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направте вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.
Извор: www.ohrid.gov.mk |