Со цел попривлечен Охрид и задоволни туристи, Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески превзема низа активности за подобра туристичка понуда и привлекување повеќе гости.
По преземените активности во прилог на туристичките работници намалени се туристичката и комунална такса а помали се и давачките на угостителите кои пред своите објекти поставуваат урбана опрема.
Со субвенционирање на туристичката такса се стимулираат приватните стано издавачи во Охрид.Висината на субвенцијата изнесува 50 отсто од висината на туристичката такса се со цел да се намалат незаконските дејствија во однос на прикривања на бројот на ноќевања и на наплатата. Туристичката такса изнесува 40 денари по ноќевање од кои 80 отсто одат во општинскиот а 20 во државниот буџет. Угостителите и другите правни лица кои пред своите објекти ќе сакаат да постават урбана опрема, од оваа летна сезона плаќаат пониски цени за закуп и комунална такса. Според Програмата за поставување урбана опрема, цената на закуп на метар квадратен чини 250 денари во првата зона, 150 во втората и 100 денари во третата градска зона. Исто така е намалена и висината на комуналната такса од 10 на 7,5 денари.Ваквата одлука е резултат на интензивната комуникација што Локална самоуправа ја има со угостителскиот еснаф од Охрид, така што беа прифатени и дел од нивните барања кои беа насочени кон корекција на цената за закуп на државното земјиште и комуналната такса. Општина Охрид ја зеде во предвид состојбата во која тие се наоѓаат и на овој начин им излегува во пресрет.
Со цел уредни и привлечни плажи кои ќе бидат достапни за сите категории граѓани и гости, Општина Охрид во оваа летна туристичка сезона има нулта толеранција за концесионерите на охридските плажи кои нема да го почитуваат договорот за закуп. Локалната е во состојба да ја активира банкарската гаранција и да го раскине договорот за закуп доколку концесионерот ги прекршил неговите одредби, односно не оставил 40 односно 60 % од плажата како слободен простор што зависно од големината е утврдено со договорот, или концесионерот не ги подмирил обвраките што ги има кон општината или нема спасители. Локалната самоуправа одлучи за еден односно два часа да го продолжи работното време на угостителските објекти за време на празници и кога Охрид е домаќин на културни случувања. Со тоа се задоволни двете страни и угостителите и охриѓани кои долги години се соочуваа со голема законски недозволена бучавост.
Локалната самоуправа презеде активности и за решавање на проблемите со „дивите“ чекачи на туристи. Намалени се давачките за паркинг и истите изнесуваат 20 односно 30 денари на час зависно од зоната на паркирање. За креативноста во водењето на туризмот доволно зборува „Бела ноќ“ како и мерките кои се презедоа во полза на хотелско – ресторанскиот еснаф.
Во насока на развој на туризмот Локалната самоуправа прави напори и во тек се проектите за изградба на хотел од брендот“Small Luxury hotels”, и „Ски центар на Галичица“. Општината постојано прави напори за привлекување странски во туристичката сфера за што се нудат и одредени комунални олеснувања.
Извор: www.ohrid.gov.mk |