Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДРЖАНА 2-ТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ НА МЛАДИ
Untitled Document

Денеска во просториите на Општина Охрид се оддржа 2-та седница на Локалниот совет на млади.

На седницата беа избрани раководните органи: за потпретседател беше избрана Весна Јованоска; секретар Јулијана Настоска; односи со јавност Никола Таштаноски.

Во продолжение на седницата беа дадени повеќе предлози меѓу кои отворање на Американ „корнер“(место за социјално дружење на младите), формирање на младинска лига за ракомет помеѓу општинските училишта, изградба на терен за гимнастички вежби на отворено.

Исто така беа формирани работни групи, работна група за образование, работна група за информирање, за квалитет на живеење, здравство и превенција, вработување, култура, спорт, младинска локална работа.

Со формирањето на работните групи се очекува по ефикасна работа на советот на млади и поголема реализација на зацртаните проекти.

Локалниот совет на млади е формиран 12.08.2013 година и ќе има советодавна и консултативна улога за младите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1267  пати
Објавено на: 30.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©