ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ТЕРЕН ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД
Untitled Document
Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорите на
Охридските јавни претпријатија, денес оствари неколку часовна обиколка низ
стариот дел од Охрид со цел да ги сослуша и увиди проблемите кои се
од јавен интерес а ги тиштат жителите од населбите Месокастро и
Варош.
Градоначалникот на терен ги сослушуваше проблемите и барањата
на жителите од овој дел на градот, а кои беа претежно од областа на
комуналната и инфраструктурна сфера. Со своите сограѓани тој ги
согледуваше можностите за нови паркинг простори, уредени простори,
подобрување на канализациската и водоводната мрежа, паркови и ново подобро
улично осветлување во стариот дел од градов .Со оглед на добрите
временски услови , Градоначалникот Бакрачески најави дека наредниов
период надлежните служби ќе излезат на терен и ќе започнат со
средување на јавните површини од овој дел на Охрид.