Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МИНИСТЕРОТ ИВАНОСКИ ОДБЛИЗУ СЕ ЗАПОЗНА СО РАБОТАТА НА ОХРИДСКАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната работна средба го информира Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Иваноски за проектите кои се во тек или се реализирани од Локалната а финансиска се поддржани од Владата , со посебен осврт на проектите од делот на информатичкиот развој.

Како што и сами знаете во завршна фаза е подготвителниот период за конечна реализација на проектот за затворен пливачки базен . Планската документација се привршува, одредена е локација, и во првото тромесечје на идната година се очекува да започне изградбата на долго најавуваниот затворен пливачки базен. Средствата од кредитот од Светска Банка што е наменет за општина Охрид најпрво ќе се користат за набавка на опрема и машини за Јавното Претпријатие “Комуанлец “ со што сметаме дека ќе ги подобриме перформансите на ова претпријатие се со цел да имаме почист и поуреден град. Имаме апликација за три големи улици во централното градско подрачје и уште петнаесеттина во приградските населби и селата кои што исто ќе бидат финансирани со кредит од Светска Банка. Во меѓу време се привршува документацијата околу завршување на имотно правните односи кои што до сега воопшто не биле разгледувани во делот на училишните дворови. Постапката е во завршна фаза по што ќе пристапиме кон подготвување на планска документација за изградба на три училишни спортски сали кои ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија. Тука влегуваат и реконструкција на три училишта во кои ќе се менуваат прозорите, вратите , кровните конструкции и санација на санитарните чворови - рече градоначалникот Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 09.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©