Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРЕБА ДА СЕ ПОДМИРАТ ОБВРСКИТЕ ЗА ДА СЕ ЗЕМАТ СУБВЕНЦИИ
Untitled Document

Секторот за туризам и Локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството при општина Охрид,информираат дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ја донесе Програмата за субвенционирање за 2014 година, во која се пропишани  законски рокови за исплата на субвенциите за 2014 година.

Согласно законската регулатива и правилата пропишани во законот, програмата и уредбата, ги потсетуваме сите заинтересирани физички и правни лица да извршат увид на нивните обврски кон Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, водостопанските претпријатија и Јавното претпријатие за пасишта.

За да може да се оствари правото за добивање на субвенции од програмата за 2014 година, потребно е навремено да се подмират долговите кон овие институции за 2013 година.
За подетални информации, заинтересираните можат да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, или во Канцеларијата за стручна поддршка за развој на земјоделството при Секторот ТЛЕР при општина Охрид или на телефон 046/230175.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 17.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©