Градежните активности за реконструкција на улицата „Сирма Војвода“ течат во полн ек. Во моментов ЈП „Градски гробишта“ работи на поставување и изгррадба на тротоарските површини од едната страна на улицата а течат и активностите за нејзино тампонирање.
Се очекува во текот на оваа работна недела ГП „Сењак“ од Кичево да пристапи кон асфалтирање на улицата во должина од 250 метри и ширина од шест метри ,или повеќе од 1500 квадратни метри.
Реализацијата на ова изборно ветување на градоначалникот Никола Бакрачески се изведува во рамките на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид и во рамките на активностите за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички на територијата на Охрид.
Со асфалтирањето на овој крак од улицата „Сирма Војвода“ за прв пат се решава неколкудецениски горлив проблем на граѓаните што живеат и транзитираат на овој потег.
По завршувањето на градежните активности за асфалтирање на оваа улица Секторот за комунални дејности по однапред утврдени налог и план за работа ќе пристапи кон поставување на ново и модерно улично осветлување на овој дел од територијата на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |