Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
„ОХРИДСКА ВЕЧЕР И ОХРИДСКИ ДЕНОВИ“ ВО БЕЛГРАД
Untitled Document

Практикувајќи го новиот пристап на афирмација, промовирање и презентирање на Охрид како најпосакувана туристичка дестинација во регионот, и оваа година Општина Охрид учествуваше на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем на туризмот  кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет.   Се со цел успешна интегрирана туристичка промоција,преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, општина Охрид ги промовираше природните, културни и историски знаменитости на градот.

Во текот на четирите саемски денови претставниците на општина Охрид преку видео презентација и печатен материјал пред посетителите и претставниците на туристичките организации, туроператори и  туристички стопанственици од регионот  ги презентираа  најновите информации за актуелната туристичка понуда на охридската туристичка дестинација и ги споделија сите потребни информации со потенцијалните гости и партнери.
Секторот за туризам и локален развој и овој пат во рамките на саемските денови, ја реализираше туристичко-промотивната манифестација „Охридска вечер и охридски денови“ како облик на директен туристички маркетинг и приближување на Охрид кон  граѓаните и потенцијалните гости. Промотивната вечер и гастрономските охридски денови овој пат се реализираа во партнерска соработка со македонското здружение “Кочо Рацин” од Белград и ресторанот „Венеција“ во Земун. Охрид овој пат Белграѓани и Земунци ги освојуваше преку опојните вкусови и мириси од менијата на охридските куварски мајстори.

Во текот на четирите денови од промотивната кампања во ресторанот „Венеција“ се подготвуваа традиционални охридски специјалитети,  а охридското мени наиде на голем интерес кај мештаните, минувачите и гостите.

Според  оценката на голем број на претставници, деловни партнери, медиуми, дипломати  и колеги кои присуствуваа на промоцијата, ова беше една од најуспешните презентации на туристичката, гастрономската и културна понуда на Охрид  во Земун и во Белград. Посебно голем беше интересот кај новинарите и репортерите од различни медиуми за кои што беа направени голем број на снимени материјали, интервјуа и други телевизиски прилози.  „Илустрована политика“,  НИП “Неделник”, „Радио Београд 202“, РТС преку Жикината Шареница , туристичкото списание „Туристички свет“ ја доловија пријатната атмосфера, импресивните моменти од безвременската убавина на Охрид  и коктелот од традиционалната кујна на македонски специјалитети.

Ваквиот промотивен микс се очекува високо да го позиционира Охрид на мапата на најпосакувани туристички дестинации во регионот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1388  пати
Објавено на: 27.02.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©