Од утринава, механизацијата на ЈП "Охридски комуналец" превзема акција за чистење и уредување на населбата "Радојца Новичиќ". Акцијата е дел од дополнителните ангажирања на ова јавно претпријатие за подигање на зелен и кабаст отпад од населбите во општината. Одличните временски состојби и сончевото време, дополнително придонесоа за зголемување на ефектите од акцијата, а денес истата ќе трае додека не се подигне целиот регистриран отпад во населбата.
И во текот на месец ноември, секоја сабота ќе биде посветена на подигнување на кабаст отпад во останатите градски населби и тоа по следниот редослед:
02.11.2013- нас."Христо Узунов", "Карабегомаала" и "Горна Влашка маала"
09.11.2013- нас."Воска" и "Даљан"
16.11.2013- нас. "Видобишта"
23.11.2013- нас. "Црногорци"
Извор: www.ohrid.gov.mk |