Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ КАЈ СПОМЕН – ОБЕЛЕЖЈЕТО НА КОСТА АБРАШ
Untitled Document

Екипи  на ЈП Охридски комуналец од денес  започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица.
Најпрво целиот потег околу спомен обележјето  ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот  ќе биде соодветно хорти културно уреден.

Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП Охридски комуналец произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески  и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот.
Надлежните од Секторот за комунален развој потенцираат дека ваквите нивни активности ќе продолжат и во наредниот период ,со несмален интензитет  во насока на подобрување на состојбата со културно -историските споменици на целата територија на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1306  пати
Објавено на: 29.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©