Денес во просториите на општина Охрид, беа доделени пофалници за најубаво украсени новогодишни дворови. Годинава на традиционалната акција која ја спроведува локалната самоуправа, учествуваа девет апликанти. Тричлената комисија која направи увид и фотодокументација кај сите учесници, едногласно првата награда ја додели на Климе Караѓуле, втората на Јованка Бубеска Чалдрмоски, а третата награда ја освои Наташа Бошалеска.
Пофалниците на најуспешните и најкреативните им ги додели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, кој истакна дека акцијата на локалната самоуправа е да ги стимулира граѓаните со украсувањето на своите домови, покрај убавата слика за Охрид пред гостите и тие самите посреќно и позадоволно да ја чувствуваат празничната атмосфера.
ПРВОНАГРАДЕНА
ВТОРОНАГРАДЕНА
ТРЕТОНАГРАДЕНА
Извор: www.ohrid.gov.mk |