Во улога на добар домаќин, по промоцијата на книгата “Проглас“ од Константин филозоф, градоначалникот Никола Бакрачески го испи претпладневното кафе со покровителот на денешното културното случување , Претседателот на државава Ѓорге Иванов, по што заедно се прошетаа низ охридската чаршија.
Градоначалникот Бакрачески го запозна Претседателот Иванов со тековните и идни проекти на општина Охрид кои беа позитивно оценети од шефот на државава кој даваше и свои идеи во поглед на повторно заживувања на специфичните охридски традиции кои се белег на ова поднебје.
Во рамки на прошетката низ охридската чаршија во пријатно расположение , Градоначалникот Бакрачески и Претседателот Иванов, остваруваа непосредни контакти со охриѓани кои љубезно им приоѓаа и ги изнесуваа своите сугестии и идеи а се однесуваа на различни сфери од општествениот живот.
Со оглед на добриот соживот кој се негува меѓу верниците од различни вери во Охрид, Градоначалникот Бакрачески и Претседателот Иванов испија турски чај во една од чајџилниците во старата охридска чаршија и го посетија Зејнел Абидин Паша Теќето, едно од најпознатите светилишта на верниците со муслиманска вероисповед во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: Александар Ковачески
|