Во рамките на наставните активности, учениците од трето и четврто одделение од Основното училиште „Св. Климент Охридски“ денеска ја посетија општина Охрид. Тие ги разгледаа кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески, работните простории на администрацијата и салите за состаноци..
Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ имаа средба со претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, при што се интересираа за функционирањето на Локалната самоуправа и локалната администрација. На крајот на средбата порачаа дека доколку нешто не им е јасно, писмено ќе се обратат за да добијат одговор на прашања во врска со функционирањето на општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |