По повод 1 000 години од смртта на Цар Самуил, во понеделник , точно на пладне на Самуиловата тврдина, општина Охрид организира историски час. На случувањето заедно со претставници од Локалната ќе присуствуваат и продуцентот Дејан Милошевски и режисерот Антонио Митриќески кои во наредниов период ќе снимаат филм за битката на Беласица и животот на големиот македонски владател Цар Самуил. Предвидено е снимањето во Охрид и неговата околина да биде три до четири недели. Филмскиот проект е поддржан од Министерството за култура.
Инаку во понеделник по историскиот час, вработени лица од охридскиот Завод и музеј ќе ги прошетаат децата од охридските основни училишта по Самуиловата тврдина со цел да ги запознаат со нашата историја од периодот на Цар Самуил.
Извор: www.ohrid.gov.mk |