Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗГРАДЕН ВИДИКОВЕЦ ВО РАМКИ НА ЦРКВАТА СВ. НАУМ ОХРИДСКИ
Untitled Document

Општина Охрид  во соработка со  Месната Заедница од с. Лескоец   и  Здружението на туристички водичи и придружници „КЕЈ“ – Охрид  го изгради  Видиковецот во рамки на црквата Св. Наум Охридски во с. Лескоец.

 Вкупната вредност на проектот финансиран од страна на општината е  110.000,00 денари а целта е  афирмација на просторот, реализирање на културни и едукативни активности, промоција на предностите и просторна ориентација на вредностите.
Во реализација на проектот беа вклучени и жителите на с. Лескоец, месната заедница и претставници од црковниот одбор.

Изградбата на Видиковецот во с. Лескоец е само еден од неколкуте проекти што општината ги  реализира по јавниот повик на  Секторот за ТЛЕР за финансирање на проекти од областа на одржливиот Локален економски развој и туризам а е согласно програмата за поддршка на локалниот економски развој и поттикнувањето на развојот на туризмот на општина Охрид.  На ваков начин општината зеде учество и го реконструира   и Домот за култура во с. Куратица а се изградија и трибините на игралиштето во с. Подмоље.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1341  пати
Објавено на: 26.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©