Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ ПОСТАВУВА ЛИНИЈА ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА КРАК ОД УЛИЦА “СТИВ НАУМОВ“
Untitled Document

Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид во делот на отворање на нови линии за водовод и фекална канализација, ЈП Нискоградба  активно работи на поставување  на линија за фекална канализација на крак од ул. “Стив Наумов“. Финансиски средства  за овој зафат се  целосно  обезбедени од општина Охрид.


Станува збор за прв зафат од ваков тип  во овој дел од општината и освен кон подобрување на квалитетот на живеењето на жителите од овој дел на градот ќе придонесе и кон подигањето на нивото на еколошките стандарди ,посебно ако се има во предвид дека во досегашниот период фекалните води се слеваа во коритото на реката “Грашница“ која минува на овој потег.
 


Од Секторот за комунална дејност истакнуваат дека и во иднина ќе продолжат да ги решаваат ваквите горливи проблеми на граѓаните коишто биле таложени со години и децении на назад

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1318  пати
Објавено на: 17.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©