Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕМА ПАРКИРАЊЕ КРАЈ МАЛИОТ ПЛОШТАД И ЦРКВАТА СВ. СОФИЈА
Untitled Document

 По налог на  Општина Охрид денеска, Јавните Претпријатија “Ниско Градба“, “Градски гробишта“ и “Охридски комуналец“  започнаа акција за оградување на просторот околу  малиот плоштад и  црквата “Св. Софија“ со жардињери и бетонски столбчиња.

По денешната акција на оградување се очекува повеќе  да ги нема диво паркираните автомобили крај малиот плоштад кои  оневозможуваа пристапност до него  како и видливост на  неговите убавини.
Со акцијата се очекува да се стави крај на   грдата слика која диво паркираните  автомобили  ја правеа крај  источната страна од  дворот на еден од најубавите сакрални објекти ,  црквата Св. Софија.

Инаку , во изминатиов период   охридските Јавни Претпријатија работеа на партерно и хорти културно уредување на овие јавни површини.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 23.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©