Следејќи ги туристичките трендови во светот, посебно внимание во туризмот привлекува дестинацискиот менаџмент, односно привлекување што поголем број туристи од меѓународните пазари.
Ако се тргне од претпоставката дека Охрид е туристички бренд за кој многумина веќе знаат и ги препознаваат неговите туристички вредности, историја и култура, од големо значење би било збогатувањето на туристичката понуда на Охрид и регионот со нови содржини.
Токму затоа, општина Охрид во соработка со АВАЛОН продукција, ги покануваат туристичките работници и хорелиерите на работен состанок што ќе се одржи во малата општинска сала на 22.07.2016 година (петок) во 13 часот. Целта на овој работен состанок е промоција на фестивалот Ohrid Calling кој ќе преставува нов туристички производ во насока на збогатување на туристичката понуда на Охрид и регионот. Со цел привлекување на поголем број на гости преставниците од Авалон ќе им доделат промотивни материјали на заинтересираните чинители во туризмот.
Со збогатувањето на туристичката понуда во голема мера ќе се зголеми и промоцијата на туристичките потенцијали не само на локално, туку и регионално ниво.
Извор: www.ohrid.gov.mk |