Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Untitled Document

Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, соопштува дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  објави  јавен повик 04/2015 за доставување барања за користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за следните мерки:

Мерка 321 – Подобрување на квалитетот на живот во рурална средина
Мерка 322 -  Обнова и развој на селата
Мерка 323 -  Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните
подрачја

Финансиската поддршка за овој Јавен повик се исплаќа по принцип на финасирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата.
Право на користење на средствата имаат Единиците на локалната самоуправа- рурално подрачје, единиците на локалната самоуправа на чија територија се наоѓа руралната средина  за која се однесува инвестицијата, Централните плански региони и Агенцијата за промоција и поддршка на туризнот во Република Македонија.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 јуни 2015 година.
Подетални информации  можат да се добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk  или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието  при Општина Охрид.  


Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги известува сите правни и физички лица, земјоделски стопанства  дека  истекува рокот за поднесување на барања за директни плаќања – субвенции за 2015 година.
           
            Краен рок за поднесување на барањата е  до 31 мај 2015 година.

Барањата се поднесуваат на пропишана образец во електронска форма во подрачните единици на Министерството за  земјоделство, шумарство и водостопнаство каде што е извршена  регистрација на земјоделското стопанство. Поднесените барања веднаш влегуваат во процесот на пропишание контроли.  
Право на користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2015 година имаат  земјоделски стопанства  запишани во единствениот регистар  на земјоделски стопанства кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Подетални информации  можат да се добијат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  на телефон 046-262-476 , или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието  при Општина Охрид.  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1344  пати
Објавено на: 06.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©