Охрид го развива туризмот, но со отворање на новата индустриска зона очекува подем на лесната индустрија преку која општината би привлекла странски и домашни инвеститори подеднакво. Судејќи по најавите на градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески во интервјуто за СБС АВСТРАЛИЈА на македонски оваа 2014 би требало да започне долго очекуваниот инвестициски бум во Охрид. Изградба на нов хотел од светски бренд, изградба на зимско – рекреативен центар на планината Галичица, и ред други инвестици кои се во фаза на договарање. И репрограмирањето на долговите на општината и квалитетот на општинската администрација се темите на кои со градоначалникот Бакрачески разговараше нашиот известувач Милчо Јованоски:
КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ И СЛУШНЕТЕ
http://ohrid1.com/wp-content/uploads/2014/06/gradonacalnikot-nikola-bakraceski-na-sbs.mp3
Извор: www.ohrid.gov.mk |