Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.весник
на РМ бр. 66/04,139/08, 99/09 и 149/14) екипата на ЈЗУ Центар за јавно
здравје Охрид во соработка со Општина Охрид на ден 23.11.2015год.,
24.11.2015год. и 25.11.2015год. ќе спроведат системска дератизација во
стариот дел на градот , населба Билјанини извори ,Гоце Делчев ,Воска и
Далјан како и по Бул.Туристичка , улиците Питу Гули ,Железничка ,Јане
Сандански ,7ми Ноември, Марко Нестороски , Кеј Македонија , Македонски
Просветители , Момчило Јорданоски и Прва Македонска Бригада.
Извор: www.ohrid.gov.mk |