Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОВЕТНИКОТ ИЛИЈА АРНАУДОСКИ НА СВЕЧЕНОСТА ВО с. РЕЧИЦА
Untitled Document

На свеченоста во с. Речица, организирана од страна на црковниот одбор, по повод празникот  на Светите Козма и Дамјан и по повод 10 годишнина од осветувањето на црквата посветена на овие светци, како претставник на локалната самоуправа беше советникот Илија Аранаудоски. Тој од име на градоначалникот Никола Бакрачески им ги пренесе поздравите и честитките за јубилејот и им посака добро здравје и многу успех во иднина.

Во рамките на посетата, советникот Илија Арнаудоски оствари средба со жителите. На средбата жителите му ги кажаа проблемите со кои тие се соочуваат и искажаа голема благодарност до градоначалникот и до локалната самоуправа за слухот кој тие го имаат во врска со нивните проблеми.

Црквата посветена на Светите Козма и Дамјан е изградена во 2001 година, а е осветена во 2003 година.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 14.11.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©