Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес   оствари прва работна средба со ново именуваниот амбасадор на Израел во Република Македонија, Дан Орјан  кој  утрово ги предаде акредитивите   кај претседателот Ѓорге Иванов.

На средбата амбасадорот Орјан, покажа интерес околу досегашната соработка на локалната власт од Охрид со Израел пред се со градот Ерусалим.  Притоа  градоначалникот Бакрачески му укажа на почесниот гостин   дека пред два месеци бил  во работна  посета на Израел каде  во Тел Авив  во Ерусалим остварил  средби со значајни личности од тамошниот општествен живот. Интересот на амбасадорот беше насочен околу средбите на градоначалникот  со претставниците од  фирмите и компаниите за пречистување на отпадните води во Израел кои што по  техничко – технолошки квалитет се издигнати на највисоко ниво во Светов а стана збор и за водо -снабдителните системи.
Амбасадорот Орјан му посочи на градоначалникот Бакрачески дека во текот на месец февруари  секоја година во Тел Авив се одржува фестивал на модерни танци кој е најреномиран  во овој град и изрази желба претставници од нашиов град да присуствуваат на него. Притоа Градоначалникот  Бакрачески посочи дека Охрид исто така има реномиран фестивал “Охридско Лето“ со што е отворена можноста за соработка меѓу двата фестивал. На амбасадорот му беше укажано на бројните  уметници од Израел кои низ годиниве наназад  настапувале на “Охридско Лето“. 


Од страна на градоначалникот Бакрачески  беше иницирана можноста да се реализира една презентација на Охрид во Израел како туристичка дестинација  што би било и можност  за возобновување на чартер летовите од Охрид до Израел  кои беа присутни до пред три години кога бројни туристи од ова земја  престојуваа во нашиов град.
Амбасадорот Орјан пак посочи  дека  би било добро да се разгледа начинот на кој во Ерусалим се презентира културното наследство пред туристите поради сличностите помеѓу Охрид и Ерусалим како едни од најстарите градови во Светов.

На работната средба се разгледаа и можностите за соработка  на Охрид со израелски градови во делот на спортскиот туризам посебно околу климатските и инфра- структурни можности  кои  градов  ги нуди на гостите за подготовки ,особено кога станува збор за фудбалот.    

  

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1356  пати
Објавено на: 21.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©