Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
САНКЦИИ ПРОТИВ ГРАЃАНИЕ КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВААТ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНА ЧИСТОТА
Untitled Document

Општина Охрид, во согласност со Законот за патишта, преку надлежните служби, неодамна ги отстрани контејнерите за одлагање отпад, кои непрописно беа поставени на тротоарите и пешачките патеки.

Контејнерите се поставени на соодветни места во близина на колективните стамбени згради, но несовесните граѓани ги поместуваат на тротоарите и ѓубрето го оставаат  дури и на коловозите  со што се прават мали депонии. Локалната самоуправа ги предупредува несовесните граѓани, дека преку инспекциските служби, согласно со одредбите од Законот за јавна чистота, против нив  ќе почне со примена на острите законски предвидени санкции.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1231  пати
Објавено на: 13.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©