На денешната седница на Советот на општина Охрид беа прифатени извештаите
од работењето и остварените резултати на ЈП „ Охридски комуналец“ , ЈП „
Градски пазар“ , ЈП „ Нискоградба“ , ЈП „ Градски гробишта“ и ЈП „ Билјанини
извори“ за периодот од 01.07. до 30.09. 2014 година, како и извештајот на РЕ
„Водовод“ за периодот од 01.01. до 30.09.2014 година .
Беа прифатени предложените одлуки за измените на развојните програми за оваа
и за периодот 2014-2016 година за поттикнување на развојот на туризмот во
општина Охрид, за локалниот економски развој за други комунални услуги
, за јавнa чистота, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици,
за изградба на системи за водоснабдување, за изградба на системи за
одведување и прочистување на отпадни води, за јавно осветлување,за одржување
и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, за
одржување и користење на паркови и зеленило, за изградба на сообраќајна
сигнализација, за уредување на градежното земјиште, за финансиските потреби
на територијалната противпожарна единица, за изработка на урбанистички
планови, за заштита на животната средина и природата, за спорт, за
образование, за детска заштита и за култура.
Советниците ги усвоија измените и дополнувањата на Буџетот на единицата на
локална самоуправа за 2014 година, дополнувањето на Статутот на општина
Охрид, оперативната Програма за организирање и функционирање на зимската
служба на подрачјето на град Охрид, приградските и селските населби,
одлуката за утврдување надоместок за поставување на инсталации во трупот на
патот, патниот и заштитниот појас и одлуката за организирање на режимот на
сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.
Од областа на урбанизмот беа прифатени одлуките за утврдување на потреба од
донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на
бесправно изградениот објект на Кп.бр.1251/1 КО Лескоец, Кп.бр.2184 КО
Лескоец, Кп.бр.2534 КО Велгошти, Кп.бр.89 КО Охрид 4, Кп.бр.814/3 КО
Лескоец, Кп.бр.1164 КО Лескоец, Кп.бр.1347/1 и 1347/2 КО Трпејца,
Кп.бр.1975 КО Охрид 4, Кп.бр.2003 КО Лескоец, Кп.бр.2420/2 КО Лескоец,
Кп.бр.2658/1 КО Велгошти, Кп.бр. 10461/2 КО Охрид 2, Кп.бр.214 КО
Лескоец, Кп.бр.7651/3 и 7651/4 КО Охрид 1, Кп.бр.13801/1 КО Охрид 3 и
Кп.бр.1772/1 КО Велгошти.
Извор: www.ohrid.gov.mk |