Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите
фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски –
Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец. Првото
место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи
екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени
медали и пехари и соодветни парични средства. Градоначалникот Никола
Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го
врачи пехарот и медалите.
Оваа година општина Охрид турнирот го поддржа финансиски и материјално.
Извор: www.ohrid.gov.mk |