Во Основното училиште „ Григор Прличев“ , утре на 30 септември (среда), со почеток во 10 часот, ќе се одржи презентација на проектот „ Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“ . Проектот кој се реализира под мотото „ Заедно до среќно и безбедно детство“ , ќе го презентира координаторот Миле Гиноски, советник во Министерството за образование и наука.
На презентацијата ќе учествуваат ученици од четврто одделение и претставници на Советот на родители од ОУ „Григор Прличев“, директорите на основните училишта од Охрид, комисијата за општествени дејности и службите на Локалната самоуправа.
Ова е уште еден од многуте проекти кои ги подржува општина Охрид, а се насочени кон промоција на здрави животни стилови и правилен развој на децата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |