Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КРАЈ КЕЈОТ ЗАСАДЕНИ САДНИЦИ ПО ПОВОД 16 АКЦИЈА - ДЕН НА ДРВОТО
Untitled Document

Претседателката на Советот на град Охрид, Гордана Коњановска, заменик градоначалникот , Ангел Јанев и дел од градските советници денес во градскиот парк  во Охрид засадија стебла од видот лагистремија а по повод  акцијата Ден на дрвото што утре по 16-ти пат ќе се спроведе на целата територија на  Македонија.

Заменик градоначалникот Ангел Јанев ги повика сите охриѓани да земат активно учество во утрешната акција и да дадат свој придонес  во новото разеленување на градов и околината.

Упатувам апел до сите  охриѓани, утре да се вклучат во  акцијата , Ден на дрвото- засади ја својата иднина. Сите заедно да бидеме креатори на поубав зелен свет и  со тоа да дадеме придонес  во градењето на чиста животна средина . „Сите заедно да  засадиме  успех“е мотото на годинешната акција што е доволна потврда дека со нашето  учество  всушност инвестираме во самите себеси, во градењето на подобра иднина- рече Јанев.

Директорката на ЈП „Охридски комуналец“,  Елена Скрческа го изрази задоволството за високата свест кај охриѓани кога станува збор за вакви акции.

До нашето  претпријатие континуирано стигнуваат барања за садници. Веќе истите ги имаме доставено до охридските училишта и до болницата- објаснува Скрческа.

 Утре  во Охрид ќе се пошумува на локалитетот Мауцкер каде ќе бидат засадени  8 000 садници  македонски даб.   Декоративни дрва ќе се садат на булеварот „Св. Наум Охридски“ на просторот  од Билјанини извори до населбата Св. Стефан. На патеката од каналот  Студенчишта до хотел Парк а украсни дрвца ќе се садат    и  на влезот од Охрид и по ул. „Туристичка“ .

Во акцијата утре покрај претставници од општината и  од јавните претпријатија  ќе се приклучат  и учениците од основните и средни училишта. 

За сите заинтересирани граѓани од Охрид е организиран  бесплатен превоз до локалитетот Мауцкер. По еден автобус во 9 и 11 часот ќе тргнува од пред зградата на општина Охрид. По два автобуси во 9 и 11 часот ќе тргнуваат од пред гимназијата „Св. Климент Охридски“ , ДТУ „ Ванчо Питошески“ и ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Акцијата ден на дрвото – засади ја својата иднина  за прв пат се востанови во 2008 година и   е   во организација на Владата на Република Македонија со сите надлежни министерства, Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС),  општините,  ЈП „Македонски шуми“ и  граѓанското здружение „Ден на дрвото засади ја својата иднина“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1340  пати
Објавено на: 01.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©