Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД НЕКОЛКУ МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид и директорите на јавните претпријатија, денес остварија средби со жителите од месните заедници Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Коњско и Рача.

Ваквата практика на директна комуникација со граѓаните која ја практикува градоначалникот е значајна бидејќи токму жителите имаат можност активно да учествуваат во креирањето на програмата за комунален развој. Денешната средба беше искористена и за таргетирање на приоритетните проблеми кои месното население ги има како и можни решенија. Најчесто како потреба беа посочувани изградбата на потпорни ѕидови, поставување на нови улични светилки како и реконструкција на одредени патеки.

Градоначалникот Бакрачески им вети решенија утврдени со точни рокови за поголемиот дел од проблемите, додека за другиот дел за кои е потребно пообемно анализирање дополнително ќе се предвиде нивната реализација.

Граѓаните изразија благодарност за досегашните реализирани проекти во нивните месни заедници и за ваквиот начин на комуникација преку кој до сега се реализираа голем број проекти и се решија голем број приоритетни проблеми.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 13.11.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©